Свет 23. април 2020. / 21:45

Кина одвојува дополнителни 30 милиони долари за СЗО

Кина одвојува дополнителни 30 милиони долари за СЗО

Кинеските власти соопштија дека ќе издвојат дополнителни 30 милиони американски долари за Светската здравствена организација (СЗО), пари кои исклучиво ќе бидат наменети за превенција и контрола на вирусот Ковид-19, како и за да се помогне во развојот на здравствените системи во помалку развиените земји.

Истовремено, официјален Пекинг ги обвини САД за поткопување на меѓународната соработка во борбата против пандемијата на Ковид-19, по американската одлука да го стопираат финансирањето на СЗО.

Кинезите го повикаа Вашингтон сериозно да ги сфати своите обврски и одговорности.

САД го прекинаа финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не реагирала соодветно на заканата од корона вирус и дека била под силно влијание на Кина, иако добиле најголема сума пари од САД.