Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара меѓународен надзор над кинеските лаборатории, вклучувајќи ја и таа во Вухан за која САД се сомневаат дека е извор на новиот коронавирус.
Кина го отфрли повикот на американскиот државен секретар Мајк Помпео, на меѓународни инспектори да им овозможи пристап до лаборатории за да се осигураат дека опасни патогени микроорганизми, како што е коронавирусот, не се случајно ослободени, објави Фокс њуз.
Секој што е објективен ќе види дека некои американски политичари промовирале лаги, кои ги дискредитираат напорите на Кина да се бори против пандемијата, да ги збуни луѓето и да се оддалечи од фактот дека не ги исполниле своите одговорности во борбата против епидемијата, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.
Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, повика да се изврши инспекција во Институтот за вирусологија во Вухан и други лаборатории, кои, според Фокс њуз, анализирале коронавирус и други патогени. САД истражуваат дали новиот вирус случајно бил ослободен од оваа лабораторија.
„Вашингтон пост“ минатата недела објави дека претставници за национална безбедност во администрацијата Трамп долго време се сомневаат во истражувачки капацитети во Вухан, како извор на коронавирусот.