Свет 06. мај 2020. / 15:12

Кина: Обвинувањата на САД за потеклото на вирусот се маркетинг пред претседателските избори

Кина: Обвинувањата на САД за потеклото на вирусот се маркетинг пред претседателските избори

Официјален Пекинг соопшти дека  неодамнешните обвиненија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од државниот секретар Мајк Помпео дека вирусот Ковид-19 е настанат во лабораторија во Вухан е всушност политичка стратегија на републиканците пред претседателските избори.

Портпаролката на кинескиот министер за надворешни работи, Хуа Чунјинг. изјави дека Кина ги повикува САД да прекинат со ширење дезинформации и да ја доведуваат во заблуда меѓународната заедница.

Чунјинг истакна дека САД треба да ги решава своите проблеми и да се занимава со пандемијата во сопствената држава.

Чунјинг ги отфрли како неосновани обвиненијата дека Кина профитира од епидемијата на корона вирусот.