Кинеските државни медиуми објавија видео снимка од својот проектил „убиецот Гуам“, кој наводно е оспоруван од претходен извештај на ОН, во кој е изразено сомневање во способноста на Кина да онеспособи носачи на авиони.
Кусиот видео материјал, во кој се фали напредната технологија на проектили, во Кина за прв пат е прикажан на 24 јануари. Потоа следеле текстови кои ги поткрепуваат тврдењата од видеоснимката дека проектилите можат да погодат носачи на авиони.
Според Си-ен-ен, медиумските прикажувања на воената сила на Кина на меѓународната сцена се дел од пропагандната кампања која е осмислена за да ја импресионира домашната публика.
Сепак, експертите кои го прегледале видео материјалот, што наводно прикажува балистички проектили со среден дострел ДФ-26, сметаат дека снимката всушност открива многу малку информации.
Видеозаписот не покажува дека проектилите можат да погодат цел во движење на море“ изјавил воениот експерт, Чарл Шустер за Си-ен-ен.