Свет 25. април 2020. / 10:00

Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот

Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот

Пекинг не ги прифаќа повиците во Кина да се спроведе независна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, изјави кинеската амбасадорка во Велика Британија Чен Вен.

Таа за БиБиСи истакна дека повиците да се спроведе таква истрага се политички мотивирани.
Чен рече дека таквата истрага ги ги одвратила кинеските власти од борбата против пандемијата на Ковид-19.

Таа предупреди дека бројните непотврдени теории и дезинформации за појавата на коронавирусот се нешто слично на „политички вирус“, кој е поопасен од Ковид-19.