Oткако САД воведоа санкции поради „репресијата во Хонг Конг”, Кина изјави дека ќе преземе силни противмерки.
САД воведоа санкции против 14 високи претставници на Кинеската комунистичка партија (ЦЦП) и пратеници поради нивна наводна вмешаност во дисквалификување на опозициските пратеници во Хонг Конг. Предвидено е замрзнување на нивниот имот во странство.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг изјави дека Пекинг бара повлекување на одлуката за санкции.
– Кина исто така ќе преземе контрамеркии поради најавата на САД да продадат дополнителен контингент оружје наТајван, истакна Хуа.