Свет 27. септември 2018. / 14:22

Кина му одговори на Трамп: Не се мешаме во изборите во САД

Кина му одговори на Трамп: Не се мешаме во изборите во САД

Откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп на седницата на советот за безбедност ја обвини Кина за мешање во претстојните избори во американскиот конгрес, Пекинг со одговор дека на меѓународната заедница и е јасно која земја најмногу се меша во работите на другите земји. Кина отсекогаш го почитувала правото за немешање, и истото го очекува од другите земји, изјави кинескиот министер за надворешни.

-Кина секогаш се придржувала на политиката на немешање во внатрешните работи на другите земји. Тоа е традиција на кинеската надворешна политика, која доби широка поддршка од меѓународната заедница. Не сме се мешале и нема да се мешамево внатрешните рабпоти на било која земја и не прифаќаме никакви обвинувања без основа против Кина. Исто така ги повикуваме гругите земји да ги следат начелата Обединетите нации, кои забрануваат мешање во внатрешните работи на било која земја, изјави Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.

Трамп вчера обвини дека Кина не сака републиканската партија да победи во конгресот на изборите во ноември, поради царините кои тој ги воведе за увоз на кинески производи и со тоа ја почна трговската војна.