Африканските лидери најавија дека Кина ќе обезбеди по 30 милиони комплети за тестирање и 10.000 респиратори за да се запре ширењето на корона вирусот на африканскиот континент.
Испораката од Кина е обезбедена откако африканските лидери заеднички преговараа за пониски цени за неопходната медицинсканска опрема.
Африканскиот Центар за контрола и превенција на заразните болести соопшти дека секоја држава ќе добие опрема спред квотата што е заснована на бројот на заразени според бројот на жители.
Во Африка досега се тестирани три милиони луѓе, а планирано е да се тестрираат 13 милиони лица.