Свет 22. ноември 2020. / 10:37

Кина ќе изврши масовно тестирање поради три нови случаи на коронавирус

Кина ќе изврши масовно тестирање поради три нови случаи на коронавирус

Кинеските власти вршат масовни тестирања во последните 24 часа поради три нови случаи на Ковид-19 – откриени се два случаи во провинцијата Внатрешна Монголија, а еден во Шангај.

Во градот Мазули во Внатрешна Монголија, властите денеска наредија затворање на училиштата, забранија јавни собири и организираа задолжително тестирање за сите граѓани, бидејќи во последните 24 часа беа откриени два нови случаи на Ковид-19.

Во Шангај, по тестирање на 15.416 примероци, откриен е еден нов случај на инфекција, па локалните власти наредија да се затворат болниците и да се тестираат сите граѓани во градската област Пудонг.

Во Кина, присуството на вирусот е официјално потврдено кај 86.431 лице од почетокот на пандемијата.