Свет 13. март 2020. / 12:21

Кина ја надминува епидемијата: Во Вухан само пет, а во целата земја осум новозаболени

Кина ја надминува епидемијата: Во Вухан само пет, а во целата земја осум новозаболени

Градот Вухан, извор на заразата со новиот корона вирус регсистрира втор ден по ред едноцифрен број на заболени – пријавени се само пет нови случаи, соопшти кинеската Влада.

Во останатиот дел од покраината Хубеи без градот Вухан нема нови случаи на зараза и тоа осми ден по ред.

Во цела Кина вчера беа регистрирани осум случаи. Во Шангај се пријавени два, а во Пекинг еден новозаболен.