Свет 16. септември 2018. / 22:24

Кина: Издаден црвен аларм поради тајфунот Мангхут

Кина: Издаден црвен аларм поради тајфунот Мангхут

Во Кина издаден е црвен аларм поради тајфунот Мангхут кој ги зафати кинеските региони Хонг Конг и Макао, како и јужните кинески покраини, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кинескиот Национален метеоролошки центар издаде црвен аларм поради тајфунот кој е 22. тајфун во оваа година, а кој ги зафати кинеските јужни покраини Гуангдонг, Фуџиан и Хајнан, како и Хонг Конг.

Според веста на весникот „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), тајфунот Мангхут, кој премина од Филипините, предизвикал поплави во Хонг Конг и Макао. Во регионот е издадено највисокото ниво на аларм.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се забележува дека тајфунот предизвикал штета во регионот, додека спасувачките тимови вршат спасувачки активности со гумени чамци во некои поплавени места.

Тајфунот во јужните покраини на Кина достигна брзина до 165 километри на час и предизвика пречки во рибарството, воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт, како и во образованието, а откажани се и голем број авионски летови.

Упатено е предупредување дека тајфунот утре и задутре ќе се движи кон централниот дел на земјата.