Свет 21. мај 2018. / 13:25

Кина испрати сателит на темната страна на Месечината (ВИДЕО)

Кина испрати сателит на темната страна на Месечината (ВИДЕО)

Кина денеска го лансира сателитот кој ќе овозможи комуникација помеѓу Земјата и мал робот кој во текот на годината ќе стигне до темната страна на Месечината, соопшти кинеската вселенска агенција.

Ракетата со сателитот е лансирана во 5:28 по локално време од базата Сичанг, југоисточна Кина.

Сателитот на Месечината ќе биде поставен така што ќе овозможи комуникација со научниците на Земјата и ќе се испитуваат темните делови.

Роботот ќе биде лансиран во вселената во текот на оваа година, а другиот во 2019 год.

За оваа програма Кина вложила милиони и сака да биде првата азиска земја која ќе испрати човек на природниот сателит.