Кина минатата година добила три пати повеќе нови милјардери од САД, кои богатството го заработиле во фармацевскиот и секторот интернет, се вели во денеска објавената ранг листа на најбогати луѓе во светот од страна на кинескиот магазин Хурун Рипорт.
Во регионот на Голема Кина, кој го вклучува Хонк Конг и Тајван, бројот на нови милјардери за една година, заклучно со 31 јануари 2020, порасна за 182 на вкупно 799 лица во однос на новопечени богаташи во САД, покажуваат податоците на „Глобалната листа на богаташи 2020“, пренесува Ројтерс.
– Кина денеска има повеќе милјардери од Соединетите Американски Држави и Индија заедно, наведе Руперт Хјугеверф, основач и претседател на Хурин Рипорт, според чија пресметка САД имаат 629 милјардери, а Индија 137.
Сепак, на чело на ранг листата на најбогати луѓе на светот и понатаму се американските бизнисмени, а првото место веќе трета година по ред му припаѓа на основачот на Амазон, Џеф Безос, со богатство од 140 милијарди долари.

Помеѓу кинеските милјардери најбогат е Џек Ма, основач и некогашен претседател на Алибаба, со имот вреден 45 милјарди долари и се наоѓа на 21 место, а него го претрка Илон Маск од „Тесла“ благодарение на вртоглавиот раст на цената на акциите на американскиот производител на електромобили.
По технолошките компании, како главен извор за генерирање богатство, следат фирмите од секторот недвижнини, производство, финансии и малопродажба.
Пекинг е пета година по ред светска престолнина на богаташи, со вкупно 110 милјардери, наспроти 98 колку што има Њујорк. Шангај го престигна Хонк Конг заземајќи го третото место по вкупниот број на најбогати луѓе во светот.