Свет 25. октомври 2019. / 11:36

Кина, Хонг Конг и Јапонија се најголемите извозници на видео игри во светот

Кина, Хонг Конг и Јапонија се најголемите извозници на видео игри во светот

Најголемите извозници на видео игри и уреди со видео игри се Кина, Хонг Конг и Јапонија.

Полска, Германија, САД, Шпанија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Словачка се исто така меѓу првите десет извозници.

Извозот на видео игри и уреди за видео игри во Полска во периодот 2013-2018 годинам се искачи за дури 3.810 проценти, со што се најде на четвртото место на списокот, веднаш зад Кина, Хонг Конг и Јапонија.

Вредноста на извозот на видео игри од Полска во 2018 година достигна 1,24 милијарди евра, или 6,5 проценти од глобалната вкупна вредност.

Минатата година, извозот на Кина во секторот за видео игри и видео игри достигна глобално ниво од 49,1 процент, од кои земјата оствари приходи од 9,3 милијарди евра.