Свет 18. јуни 2018. / 17:05

Кина го возвраќа ударот, воведува царини на увозот од САД

Кина го возвраќа ударот, воведува царини на увозот од САД

Кина се закани дека ќе воведе царини за увоз на нафта и нафтени деривати од САД, со што ќе биде погоден бизнисот кој порасна во последните две години, а кој сега вреди скоро една милијарда долари месечно. Ова е реакција на најавените царини од страна на САД, кои ќе бидат воведени на увозот на челик и алуминиум од Кина на 6 Јули годинава.

Извозот на нафта и нафтени деривати од САД во Кина, расте со голема брзина. Од вкупната потрошувачка на нафта и нафтени деривати во Кина, 5% се увезени од САД. Но до пред само 5 години, САД извезуваше во Кина само 1% од нивната вкупна потрошувачка на нафта и нафтени деривати. Значи се работи за перспективен бизнис кој во иднина би значел продлабочување на соработката меѓу Кина и САД, и тоа во корист на САД.

И тоа не е се, според REUTERS, Кина би можела да воведе царини и на други американски производи, со што дополнително би се искомплицирале односите меѓу двете земји.