Свет 22. декември 2020. / 14:22

Кина го прекина аплицирањето за визи во Лондон

Кина го прекина аплицирањето за визи во Лондон

Кина од денеска го прекина аплицирањето за виза во својот сервисен центар во Лондон, соопшти кинеската Амбасада во Велика Британија.

Новиот вид на Ковид-19 брзо се шири во Велика Британија и предизвика голема загриженост кај европските земји, од кои некои привремено го прекинаа воздушниот и копнениот сообраќај со островската земја, потсетуваат светските агенции.

Британската Влада сè уште нема дадено коментар во врска со последните случувања.