Свет 27. септември 2018. / 19:38

Кина го осуди надлетувањето на американските бомбардери над Кинеското Море

Кина го осуди надлетувањето на американските бомбардери над Кинеското Море

Кинеското Министерство за одбрана го осуди надлетувањето на американските бомбардери Б-52 над Јужното и Источното Кинеско Море и ваквиот чин го нарече провокација.

Пентагон вчера објави дека повеќе авиони Б-52 оваа недела учествувале во заедничка операција со јапонските ловци во Источното Кинеско Море. Некои од овие бомбардери, исто така, прелетале низ меѓународниот воздушен простор над Јужното Кинеско Море.

„Секогаш одлучно се противиме на провокативното однесување на американските воени авиони во Јужното Кинеско Море и ќе продолжиме да ги преземаме потребните мерки за ефикасно да се соочиме со тоа“, рекол Рен Гуочијанг, портпарол на кинеското Министерство за одбрана.

Кина има право над речиси целото Јужно Кинеско Море. Земјите кои излегуваат на тоа море (Филипини, Виетнам, Брунеи, Малезија) тврдат поинаку и секоја земја контролира повеќе острови.

Во Источното Кинеско Море Пекинг има право над островите Диаоју, кои Јапонија ги нарекува Сенкаку. Тие острови сега се под контрола на Токио. Прашањето за суверенитетот на овие острови редовно се покренува и ги нарушува односите на двајцата соседи.