Свет 11. март 2020. / 17:13

Кина ги засилува медицинските контроли за патници од Италија за да спречи ширење на корона вирусот

Кина ги засилува медицинските контроли за патници од Италија за да спречи ширење на корона вирусот

Кина одлучи да ги засили медицинските контроли на аеродромите за патници што доаѓаат од земји каде што е широко раширен корона вирусот.

Целта на ваквата одлука е да се спречи влегување во земјата на нови случаи на заболени и ширењето на псотојната епидемија.

Во вторникот во Шекинг се регистрирани шест случаи на корона вирус кај луѓе што дошле од странство.

Петмина од заразените дошле од Италија, додека шестиот допатувал од САД.