Кина заврши со тестирање за Kовид-19 на сите 11 милиони граѓани на Вухан, градот каде првично се појави корона вирус. Според официјалните лица на градот, не се пронајдени нови симптоматски случаи на ова заболување.
– Тестирањето што се случило помеѓу 14 и 1 јуни не покажало нови симптоматски случаи, но идентификувале вкупно 300 случаи без симптоми на инфекција, изјавија здравствените власти.
Кампањата под наслов „10 дена битка“ започна на 14 мај по откривањето на шест нови случаи кои дојдоа по 35 дена без нови инфекции.