Свет 06. февруари 2020. / 10:20

Кина ги преполовува царините за некои американски производи

Кина ги преполовува царините за некои американски производи

Кинеските власти соопштија дека од 14 февруари ќе ги намалат за половина царините на некои стоки што се увeзуваат од САД.

Со овој чекор, мкинеските власти се надеваат дека ќе помогнат во дијалогот со Вашингтон за укинување на сите царини во билатерланата трговија. Вкупната сума на кинескиот увоз е околу 75 милијарди долари.

Кинеското министерство за финансии соошти дека царините на некои стоки ќе бидат намалени на пет отсто ако претходно биле 10 отсто додека за други тие ќе се намалат од пет на 2,5 отсто.

Кина се надева дека заедно со САД ќе може да го зачуваат трговскиот договор за кој се согласија и да зголемат доверба на пазарите.