Свет 25. септември 2018. / 21:38

Кина ги осуди САД поради продажба на воена опрема на Тајван

Кина ги осуди САД поради продажба на воена опрема на Тајван

Кинеските власти најостро ја осудија одлуката на Соединетите американски држави за продажба на воена опрема на Тајван. Пентагон во понеделникот ја одобри продажбата на воена опрема на Тајван.

Од Министерството за одбрана на САД е соопштено дека новиот контингент воена опрема ќе ги зголеми одбрамбените капацитети на Тајван и дека тоа нема да ја загрози рамнотежата на воените сили во Азија.

,,Кина е незадоволна поради американската одлука и апсолутно е против тоа”, порача секретарот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг. Според неговите зборови, американската продажба на оружје на Тајван е спротивна на меѓународните правни норми.

..Тоа е груб напад на суверенитетот, територијалниот интегритет и националната сигурност на Кина”, дадава тој.