Кина ги одобри клиничките тестови на првата вакцина развиена за борба со новиот корона вирус, соопшти Ројтерс цитирајќи го „Женмин жибао“. Истражувачкиот тим бил раководен од Чен Веј од Военомедицинската академија на Кина.
Кина бара доброволци за клиничко испитување на вакцина против корона вирусот, јави ТАСС.
Моментно се подготвуваат документи за добивање решение од регулаторот за почнување на клиничките тестови, соопшти на прес-конференција Ван Цјан Џи, член на Академијата на инженерските науки на Кина.
-Имаме организација преку која подготвувањето на вакцината се одвива со релативно брзо темпо. Веќе е поднесена апликација за испитувања до Државната агенција за надзор на прехранбените продукти и медикаментите на НР Кина, започната е подготовката за почеток на клиничките испитувања и се бараат доброволци, изјави тој.
Претходно, Цин Чуан од Институтот за истражување на лабораторијски животни при Академијата за медицински науки на Кина изјави дека моментно во државата се разработуваат осум вакцини за новиот корона вирус, од кои некои се покажале ефикасни на лабораторските глувци и други животни.