Свет 20. јануари 2021. / 12:09

Кина е земја со најголем број на вакцинирани против Ковид-19

Кина е земја со најголем број на вакцинирани против Ковид-19

До денес Кина им даде повеќе од 15 милиони дози вакцини на своите граѓани, изјави Ванг Бин, официјален претставник на Националната здравствена комисија, како што објави „Ројтерс“.

Кина е водечка земја во светот според бројот на вакцинации, пред Велика Британија и САД.

Досега во САД се вакцинирани 13 милиони луѓе, кои примиле една или две дози.