Свет 23. април 2020. / 10:48

Кина донира 30 милиони американски долари повеќе на СЗО

Кина донира 30 милиони американски долари повеќе на СЗО

Кина ќе донира уште 30 милиони долари на Светската здравствена организација (СЗО) во услови на криза со корона вирус, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

-Кина одлучи да донира дополнителни 30 милиони долари во СЗО за поддршка на нејзината глобална борба против Ковид-19, особено во промовирање на здравствените системи на земјите во развој, рече портпаролот на министерството Хуа Чунинг.

-Во овој круцијален момент, поддршката на СЗО е поддршка на мултилатерализам и глобална солидарност, додаде таа и истакна дека Пекинг веќе донирал 20 милиони долари на СЗО во март.

Овој потег доаѓа нешто повеќе од една недела откако САД го прекинаа финансирањето за СЗО бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини организацијата дека е „киноцентрична“ и покрај тоа што Вашингтон обезбеди повеќе средства за тоа од Пекинг.