Свет 07. август 2018. / 10:35

Кина: 4 загинати во експлозија во рудник

Кина: 4 загинати во експлозија во рудник

Во југозападниот дел на Кина дојде до експлозија во рудник за јаглен. Во експлозијата животот го загубија 4 лица, а поради настанатото уривање на дел од рудникот, не може да се дојде до 9-мина рудари, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави информативната агенција „Синхуа“, во рудникот Зимуџиа сместен во близина на градот Панџоу дошло до експлозија во која животот го загубија 4 лица, а до 9-мина не можа да се дојде.

По експлозијата, на местото на несреќата дојдоа спасувачки екипи, а во тек е истрага за откривање на причината за настанување на несреќата.