Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го прими писмото од рускиот претседател Владимир Путин и потврди подготвеност за официјална посета на Русија, информираше претседавачот на Советот на Руската федерација, Валентина Матвиенко, по состанокот со Ким Џонг Ун во Пјонгјанг, објавија светските новински агенции.
„Ја извршив задачата од Владимир Путин и ја пренесов неговата порака. Како одговор Јонг рече дека потврдува оти е подготвен и има желба да дојде во посета на Руската федерација”, изјави Матвиенко.