На конгресот на владејачката Севернокорејска комунистичка партија, кој се одржа за прв пат по пет години, Ким рече дека „клучот за воспоставување нови односи со САД е дали Вашингтон ќе стави крај на својата непријателска политика“ кон Пјонгјанг, објави државната агенција КЦНА.
Ким рече дека нема да користи нуклеарно оружје освен ако „непријателските сили“ имаат намера први да ги користат против Северна Кореја.
Тој изјави дека Северна Кореја мора дополнително да ги зајакне своите воени и нуклеарни можности, бидејќи расте опасноста од американска инвазија врз неговата земја.
Денес Ким им нареди на партиските функционери да развиваат ракети со повеќе боеви глави, нуклеарни ракети со подводни лансирања, шпионски сателити и подморници со нуклеарно оружје, наведува КЦНА.
Неговите денешни изјави се толкуваат како обид за притисок врз идниот американски претседател Џо Бајден, кој официјално како претседател ќе стапи на должност од 20 јануари.