Свет 31. декември 2018. / 12:30

Ким Џонг ун му испрати на американскиот претседател Трамп порака за помирување

Ким Џонг ун му испрати на американскиот претседател Трамп порака за помирување

Северниокорејскиот лидер Ким Џонг ун му испрати на американскиот претседател Доналд Трамп порака за помирување во време кога се запрени преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Пораката на Ким , пратена како писмо , е предадена во петокот , наведуваат неименувани дипломатски извори. Во пораката наводно , Ким му посакал на Трамп уште многу средби следната година за да се постигне разоружување на Корејскиот полуостров.

Американскиот Стејт Депшартмент и амбасадата на САД во Јужна Кореја немаа коментар на писмото на Ким.