Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин, по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.
Во својата честитка, Ким истакнал дека рускиот народ покажал неспоредлив херојство и несебичност пред 75 години, постигнувајќи Голема Победа во војната против фашизмот, што се заканувала на судбината на човештвото.
Севернокорејскиот лидер истакнал дека херојските дела на рускиот народ засекогаш ќе останат во сеќавање на луѓето од сите земји кои ја сакаат правдата и мирот.
Ким Џонг Ун посочил дека односите меѓу двете држави се традиционално пријателски и изразил уверување дека тие ќе бидат зајакнати и развиени во согласност со предизвиците на новото време.