Вооружена група киднапирала американска туристка и нејзиниот возач во националниот парк во Уганда, објави Си-ен-ен. Киднаперите бараат откуп во износ од 500.000 долари во замена за жртвата, а властите не планираат да ги прифатат нивните барања.
Киднаперите го користат мобилниот телефон на жртвата за да го повикаат местото каде што била сместена таа и побарале 500.000 долари, нешто што ние нема да го прифатиме, соопштила полицијата во Уганда.
Оттаму велат дека наместо исплата на бараната сума, ќе ја зајакнат потрагата по киднаперите и ќе ги затворат границите во близина на местото каде што биле киднапирани Американката и нејзиниот возач од Уганда.
Киднапирањето се случило пред два дена во Националниот парк на кралицата Елизабета.