Свет 08. јули 2019. / 15:00

Казна од 183 милиони фунти за „Бритиш ервејс“ поради украдени лични податоци

Казна од 183 милиони фунти за „Бритиш ервејс“ поради украдени лични податоци

„Бритиш ервејс“ може да добие рекордна глоба од 182 милиони фунти поради минатогодишниот упад во нивните сигурносни системи.

Авио-компанијата вели дека е изненадена и разочарана од казната изречена од страна на Регулаторната комисија.

Минатата година, од „Бритиш ервејс“ изјавија дека хакерите извршиле софистициран криминален напад врз нивната веб-страна.

Од комисијата велат дека ова е најголемата глоба која досега ја изрекле и прва која ќе биде јавно објавена, според новите регулативи.

Регулаторната комисија вели дека инцидентот се случил откако корисници на веб-страната на „Бритиш ервејс“ биле пренасочени на лажна веб-страна, преку која биле украдени лични податоци на околу 500.000 корисници, велат од комисијата.

Елизабет Денам од регулаторната комисија вели: „Личните податоци на луѓето се токму тоа – лични. Кога една организација не успева да ги заштити овие податоци од кражба или оштетување, тоа е повеќе од случајна грешка.“

Законите се јасни – ако некому ги доверите важите лични податоци, тие мора да се грижат за нив. Оние кои нема да се грижат, ќе се соочат со соодветни мерки и ќе ги преземат потребните чекори за да го заштитат основното право на приватност – вели Денам.

Facebook0TwitterEmail