Турист од Казахстан Т.С. (41) се удави во четвртокот на почетокот на Големата плажа, додека десетина други се извлечени на брегот по драматичното спасување.
Порталот Ул-инфо известува дека во тоа време било истакнато црвено знаме, поради силните струи и бранови, но туристите се оглушиле на предупредувањата на спасувачите, па запливале во морето.
Нивната непретпазливост брзо ги одвлекла од брегот, по што следувале повици за помош. Капачите кои се најдоа на Големата плажа направија жив синџир за да ги извлечат туристите од немирното море. Во операцијата за спасување биле вклучени и припадници на полицијата, поморски и гранични единици, како и спасувачите кои се вратија по истекот на работното време.