Свет 14. декември 2018. / 19:02

Кавга помеѓу Меј и Јункер: ,,Ме нарече небулозна” (ВИДЕО)

Кавга помеѓу Меј и Јункер: ,,Ме нарече небулозна” (ВИДЕО)

Британската премиерка Тереза Меј пред состанокот на Европскиот Совет имаше кус вербален дуел со претседателто на ЕК , Жан Клод Јункер.

Тереза Меј му префрли на Јункер дека ја нарекол небулозна. Таа е под силен притисок на домашната јавност , па сакаше пред почетокот на состанокот со Јункер да разјасни зошто ден пред тоа ја навредил.

На службеното видео на кое се гледа како тие двајца разговараат пред почетокот на седницата во Брисел , се гледа како Меј нервозно му се обраќа на Јункер , кој ја држи за надлактицата и клима со главата.

Иако не се слуша што зборуваат , ангажираните читачи од уста во Брисел велат дека Меј го прашала Јункер: ,,Како ме нарече? Ме нарече набулозна , така е.”

На тоа Јункер и одговара: ,, Не , не , не е така, не е така.”