Надбискупиите на Свети Пол и Минеаполис, најавија дека ќе исплатат 210 милиони долари отштета на 450 жртви на сексуално насилство, што е втора најголема исплата на пари на жртви во римокатоличката црква во САД.
Адвокатот на жртвите Џеф Андерсон изјавил дека сумата ќе биде поделена меѓу жртвите.
Според медиумите кои ги пратат случаите со сексуално злоупотребување во црквите, ова е втора најголема исплата на жртви во римокатоличката црква, која побарала заштита од банкротство.