Човечка грешка ја предизвикала фатална трагедија во Џенова во која се урна дел од мостот Моранди, што е дел од автопатот А10, изјави шефот на канцеларијата на јавното обвинителство во Џенова, Франческо Кози.
Тој нагласи дека по завршувањето на спасувачката операција ќе се анализираат „сите аспекти поврзани со развојот, инженерингот и одржувањето на надвозникот”.
Според претходните извештаи, мостот што се урна близу Џенова бил привремено затворен пред две години, бидејќи неговата состојба барала „големо одржување”.
Шефот на обвинителството изјави дека е подготвен да го отвори случајот „поради несовесно насилно убиство и катастрофа”.
Службите досега потврдија најмалку 35 загинати и 16 повредени во катастрофата.