Свет 28. мај 2018. / 12:14

Катар ги повлекува производите од овие држави

Катар ги повлекува производите од овие држави

Катар им наредил на сите продавници во земјата од полиците да ги повлечат производите од групата земји предводени од Саудиска Арабија, кои лани ја бојкотираа Доха.

Директивата на министерството за економија се однесува на производи од Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахерин и Египет. Инспекорите ќе ги посетуваат продавниците за да се уверат во примената на директивата.

Катарската влада сака исто така да го прекине увозот на саудиски млечни производи по пат на трети земји.

Се работи за „заштита на сигурноста на потрошувачи“, нагласија владините служби за комуникација.

-Катар води трговска политика согласно со своите мултилатерални и билатерални договори, додал извор.