Свет 11. мај 2020. / 23:07

„Катар ервејз“ подарува 100.000 билети за медицински работници од светот

„Катар ервејз“ подарува 100.000 билети за медицински работници од светот

Авиокомпанијата „Катар ервејз“ подарува 100.000 бесплатни авионски билети за медицинските работници ширум светот во знак на благодарност за нивните херојски напори за време на пандемијата со Ковид-19.

Како што објавија од компанијата, билетите ќе бидат достапни за резервација од утре – Меѓународниот ден на медицинските сестри / техничари.

Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервации од 12 до 18 мај годинава.

Професионалните здравствени работници можат да се регистрираат за таа специјална понуда на qatarairways.com/ThankYouHeroes со пополнување формулар и примање специјален промотивен код, заснован на системот „прв пријавен – прв услужен“.