Свет 19. декември 2019. / 15:44

Каталонскиот лидер Тора e прогласен за виновен за непослушност

Каталонскиот лидер Тора e прогласен за виновен за непослушност

Каталонскиот регионален лидер Ким Тора прогласен е за виновен за непослушност и осуден на 18 месеци забрана за вршење јавни функции и парична казна од околу 30.000 евра, соопшти Високиот суд за правда на Каталонија, пренесува „Ројтерс“.

Пресудата произлегува од одбивањето на Тора да ги послуша наредбите на Планскиот изборен одбор и е отворена за жалба, што значи дека би можеле да пројдат месеци пред да стапи на сила забраната за вршење јавна функција.