Свет 14. октомври 2020. / 14:24

Каталонија ги затвора баровите и рестораните поради ширење на коронавирус

Каталонија ги затвора баровите и рестораните поради ширење на коронавирус

Вршителот на должноста претседател на Владата на Каталонија, Пере Арагонес, во средата објави дека баровите и рестораните во таа автономна заедница ќе се затворат во следните 15 дена поради ширењето на нови инфекции од коронавирус.

Арагонес објасни дека продавниците и парковите ќе имаат ограничено работно време, додека баровите и рестораните ќе можат да имаат услуги за носење на продуктите и достава.

Од вторникот, Шпанија брои 896.086 случаи на Ковид-19, повеќе од која било друга земја во Европската унија и 33.204 смртни случаи поврзани со коронавирус.