Свет 21. декември 2018. / 11:46

Каталонците гневни: Шпанската влада нема што да бара во Барселона

Каталонците гневни: Шпанската влада нема што да бара во Барселона

Каталонските демонстранти се гневни што шпанската влада заседава во главниот град на нивниот регион. Во знак на протест тие ги блокираа главните и десетици други патишта во Каталонија и предизвикаа сообраќаен метеж.

Протестот го поддржа каталонската регионална влада.

Зградата во која се одржува седницата на шпанската влада ја одбележува силно полициско обезбедување.