Веќе подолг период, јас предвидував дека претседателствувањето на Трамп ќе заврши погубно, бидејќи карактерот е судбина. Јас го велам тоа често, но од време на време треба да ве потсетам дека јас не ја измислив оваа фраза. Грчкиот филозоф Хераклис е нејзиниот автор кој одамна забележал дека ,,карактерот на човекот е неговата судбина’’.
пишува: Џона ГОЛДБЕРГ, National Review
Карактерот е една од оние карактеристики, како културата или моралот, кои сите ги поддржуваат, но и сите дебатираат за нив. Кога Џемјс Вилсон еден од најголемите општествени научници во последните 50-тина години, го сврте свеото научно внимание кон човековиот карактер, многумина од неговите колеги беа гневни. Иако секој еден од нив сигурно верувал во некоја дефиниција за добар човеков карактер, се претпоставувало дека не треба да се говори за тоа, а камо ли да се бара дефиниција или да се планира како истиот да се култвира, бидејќи на тој начин би работеле за интересите на морализаторите од десницата.
Но Вилсон, човек со одличен конзервативен карактер, имал по приземна и универзална дефиниција од она која што неговите колеги можеле да ја очекуваат: пристојност, учтивост, самоограничување, посветеност, чесност, соработка и способност да размислуваат за доброто на другите.
Чудно е што дојдовме до тој степен што кога ќе кажам дека претседателот Трамп не е човек со добар карактер, чувствувам дека треба да го објаснам тоа со предупредување за многу други мои колеги конзервативци.
Повеќето лути одговори на ваквиот став се јасно вкоренети во фактот што тие не сакаат да бидат потсетувани на оваа очигледна вистина. Но, други се чини дека се увериле дека Трамп е човек со добар карактер, и тие се лично навредени од навредата кон Трамп, иако јас обично го нудам тоа како обично набљудување. Тие брзаат да го побијат тоа тврдење, наведувајќи баналните или дискутабилни искази: Тој ги сака своите деца! Тој е лојален! Тој е автентичен! Не заборавајте дека многу лоши луѓе ги сакаат своите деца, дека лојалноста на луѓето кон луѓе или цели кои не се достојни за лојалност не е восхитувачка, и дека автентичната каддишност не е восхитувачка. Освен тоа, тој не е оддалеку лојален на своите жени или на луѓето што работат за него.
Нешто што уште повеќе загрижува е тоа што неговите поддржувачи ја редефинираат сликата за добар карактер во сликата за Трамп, и на крајот тие самите ја креираат дефиницијата.
Други претпоставуваат дека посочувам на стилот на претседателот, посебно на неговите навреди и на неговата зависноста од Твитер. Она што неговите поддржувачи не го превидоа е дека неговите навреди не се само чин; тие се производ на неверојатни нивоа на нарцизам, несигурност и интелектуална инкризивност. Твитер профилот на Трамп е едноставно прозорец на неговата личност.
Претседателот, кој стана славен со тоа што им кажа на учесниците во реално шоу “ти си отпуштен”, не отпушти ниту еден од членовите на неговиот кабинетот лице в лице, па дури ни по телефон. Тој се потпира на други, или на Твитер, за да ја пренесе веста. Тој ја сака контроверзноста бидејќи го држи во центарот на внимани, но тој мрази конфронтација.
Речиси сите контроверзии во администрацијата на Трамп се директен резултат на неговиот карактер, а не неговата идеологија. Секако, идеологијата игра улога, засилувајќи го интензитетот на лутината кај левичарските критичари и интензитетот на неговите трансакциски поддржувачи. Многу либерални критичари кој пискаа за предавството на Курдите, имплицитно во одлуката на Трамп да се повлече од Сирија, ќе аплаудираа ако претседателот Клинтон ја донесеше истата одлука. И многу од конзервативците кои сега го слават овој потег тогаш би го осудиле.
Но, одбивањето на Трамп да ги слуша своите советници, неговата неспособност да премолчи, неговата демонизација и омаловажување на сенаторите кои гласаа за неговата агенда и одбивањето да молчат кога тој прави или зборува работи со кои не се согласуваат, неговите критики за Првиот амандман, неговата пофалба за диктаторите и навредите за сојузниците, неговата потреба да создаде нови контроверзии за да ги замрзне старите и неговиот неисцрпен капацитет да лаже и фабрикува историја: Сето ова извира од неговиот карактер.
Минатиот викенд поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, понуди чудно обајснување за претседателот. Тој е како ” стар 72-годишен роднина”, изјави Кристи за ABC оваа недела. “Кога луѓето стареат, тие се повеќе и повеќе се убедени во фактот дека она што го прават е вистинската работа”.
Кристи има право. Но, причината поради која Трамп нема да се смени, нема врска со неговата возраст и многу голема поврзаност со неговиот карактер.
*Колумната е објавена во еминентното американско конзервативно списание, National Review