Познатиот американски рапер Канје Вест ја почна својата претседателска кампања со хаотичен митинг во Чарлстон.
Вест ја нарече својата кампања „Роденденска забава“, а без микрофон се обрати пред неколку стотици луѓе и се расплака кога почна да раскажува како татко му сакал да се откаже од него.
Кање дебатираше за аборусот, а за време на емотивниот говор носеше и панцир.
Немаше да го има Канје Вест затоа што татко ми бил презафатен. Мајка ми ме спаси, зашто татко ми сакал аборус – изјави Вест.
Тој потоа почна да зборува дека за малку ќем „ја убиел“ ќерка си.
Речиси ја убив ќерка ми. Ким можеби ќе побара развод од мене по овој говор, но таа ја донесе Норт на овој свет иако јас не сакав – додаде раперот.
Вест истакна дека мајките би требало да добиваат еден милион долари кога ќе се породат и дека абортусот би требало да остане легален.
Фановите и натаму не се сигурни дали влегувањето на Вест во претседателската трка во последен момент е само промотивен чин. Тој ја објави кандидатурата на 4 јули, но веќе го пропушти крајниот рок да се појави на гласачкото ливче во неколку сојузни држави.