Свет,Магазин 09. јули 2020. / 08:00

Кандидатот за претседател на САД: Вакцината против корона ќе нè спречи да влеземе во рајот

Кандидатот за претседател на САД: Вакцината против корона ќе нè спречи да влеземе во рајот

Раперот Кање Вест е „исклучително внимателен“ за можната вакцина против корона вирусот, зашто верува дека таа би можела да ги спречи луѓето да влезат во рајот.

Во интервју за „Форбс“, 42-годишниот рапер открива дека прележал Ковид-19 уште во февруари, имал грозница и се „тресел во кревет“. Сепак, неговото искуство не го променило неговото мислење за вакцината зашто мисли дека вакцината е „знак на ѕверот“.

Толку наши деца се парализираат од вакцините, па кога велат дека се ќе се поправи со вакцината за ковид, многу сум внимателен. Тоа е знак на ѕверот. Сакаат да ни уфрлат чипови, да прават сешто со нас за да се уверат дека нема да можеме да поминеме низ небесните порти. Луѓето имаат ѓавол во себе, а тажно е, всушност најтажно, што нема сите да успееме да влеземе во рајот – вели Вест во интервју за „Форбс“.