Кандидатот на левицата за претседател на Еквадор, Андрес Араус, соопшти дека победил на изборите што се одржаа вчера во оваа латиноамериканска земја.
Британските медиуми пренесуваат дека Араус ја прогласи својата победа над својот главен ривал, Гиљeрмо Ласо, но не прецизираше дали има освоено доволен број гласови да го избегне вториот изборен круг.
Еквадорците вчера избраа нов претседател на земјата, а Араус, 36-годишен економист и соработник на поранешниот претседател Рафаел Кореја, пред изборите водеше во анкетите, пред се, поради ветувањетоа дека директно ќе им уплати милијарда долари на семејствата и дека ќе се спротивстави на условите за финансиски пакет помош од 6,5 милијарди долари на ММФ, пренесуваат британските медиуми.
Претходните анализи навестуваа дека победата на Араус би значела враќање на Латинска Америка кон левичарската политика, која веќе победи во Аргентина и Боливија.