Канаѓанин што патувал од Торонто за Јамајка бил уапсен откако во авион полн со патници лажел дека има корона вирус, поради што пилотот одлучил да го сврти леталото и да се врати назад на аеродромот.
Авионот на компанијата „Вест Џет“ веќе бил на половина пат кон Монтиго Бејл на Јамајка, кога човекот станал и почнал да кажува дека неодамна бил во Кина и дека е заразен со новиот смртоносен вирус.
Во тие моменти, пилотите донеле одлука да се вратат во Торонто, објавува кандската телевизија „ЦБЦ“.
По прегледот на патникот, официјални лица утврдиле дека тврдењата на 29-годишниот Канаѓанин биле лажни и тој бил уапсен поради несоодветната шега што предизвикала паника.
Уапсениот Џејмс Поток, за медиумите изјавил дека тој е уметник и дека неговата цел во авионот била да сними вирално видео, со коешто ќе се промовирал.
Now I get why we need to be wiped out as a species. #coronavirus #WestJet https://t.co/lNms8g5QUV
— Randi Rahamim (@randiraha) February 5, 2020
За овој инцидент, компанијата „Вест Џет“ им се извинила на патниците, коишто во авионот ги имало 243 на број.