Свет 18. јануари 2019. / 10:48

Канада ќе прими повеќе од еден милион мигранти во следните три години

Канада ќе прими повеќе од еден милион мигранти во следните три години

Во годишниот извештај за 2018 година, кој парламентот го упати до канадскиот министер за миграција, Ахмед Хасен, стои дека од 2019 до 2022 година ќе бидат прифатени 1,080.000 нови мигранти со постојана дозвола за престој, пишува веб-страницата Светски економски форум.

Најмногу се очекува за време на 2021 година, дури 370.000, односно 84.000 повеќе отколку во 2017 година, кога Канада прими 286.000 мигранти.

Мигрантите и нивните потомци во Канада донесоа голем придонес, а нашата успешна иднина зависи од тоа дали тие ќе сакаат и натаму да бидат добредојдени и добро интегрирани рекол министерот Хасен претставувајќи го извештајот, кој и сам во Канада дошол како бегалец од Сомалија.