Уставниот суд на Грузија денеска ги укина казните предвидени за лична употреба на канабисот, со образложение дека мерката е спротивна на Уставот.
Личната употреба на марихуаната досега се сметаше за кривично дело казниво парично со казна од 170 евра.
Уставниот суд додаде дека кривичното гонење за употреба на канабисот останува оправдано ако се загрозени други лица, како на пример во случај на консумирање канабис во училиштата или на јавно место.
Грузиските власти претходно беа критикувани поради „екстремно репресивни мерки“ против дрогата.
Неколку илјади луѓе протестираа во мај во Тбилиси, осудувајќи ги полициските рации во дискотеки како дел од кампањата за борба против дрогата.
Многумина тогаш оценија дека полицијата користела прекумерна сила за време на претресот на луѓето.