Властите во американската сојузна држава Калифорнија ќе пренаменат речиси триста од зградите во државна сопственост за да бидат употребувани од бездомници, изјави гувернерот Гавин Њусом.
Њусoм, кој е од Демократската партија, голем дел од својот годишен говор го посвети на состојбата на државата и на законодавството што ќе помогне во решавањето на кризата со бездомниците.
Бројот на бездомници во Калифорнија минатата година достигна 151 илјади, што е околу 15 отсто од популацијата во државата.
Гувернерот на Калифорнија вети дека оваа година ќе потроши дополнителни 750 милиони за заштита на бездомници. Њусом истакна дека повеќето бездомници се психички болни и дека решавањето на здравствените проблеми е дел од решението за кризата со бездомниците.