Свет 30. март 2020. / 10:23

Како знак на солидарност Португалија ќе ги одобри сите барања за азил за време на пандемијата

Како знак на солидарност Португалија ќе ги одобри сите барања за азил за време на пандемијата

Португалија најави дека во периодот на епидемијата на корона вирус ќе им бидат одобрени барањата на сите мигранти кои аплицирале за престој во таа земја.

Сите баратели на азил кои ја почнале постапката за азил, сега ќе добијат статус на жители.

Португалските власти соопштија дека таквата одлука е чин на солидарност во време на криза.

Во Португалија, околу има нешто помалку од 6.000 заразени со корона вирусот, а 119 починаа.