Во Тајван, состојбата со коронавирусот е под контрола. Пред неколку недели, се очекуваше оваа островска земја да стане вториот по големина регион на заболени по Кина. Што направи Тајван за да ја смени приказната?
Доктор Хо е едно од најангажираните лица во сузбивање на коронавирусот во Тајван.
„Се плашев дека ќе го заразам моето семејство. Ова мора да биде колективен напор. Ако секој од нас се придржува до правилаѕа, ќе се растерети здравствениот систе“, рече Хо.
Лекарите и воениот персонал може да го напуштат Тајван, за студенти излез не е дозволен. На странците им е забранет влез во Тајван. Но, вирусот не може да се спречи само преку гранични контроли.
Комуналните жлужби им помагаат на луѓето во карантин да го намалат ризикот од инфекција. Ако некој го напушти станот, тие добиваат известување преку СМС и ја повикуваат полицијата.
Во Тајван, луѓето се под надзор. Мобилните оператори им дозволија на властите да ги следат луѓето преку мобилни телефони. Здравствените експерти велат дека технологијата помага во намалување на паниката.